Најубавите италијански градови

Кој е според вас најубав град во Италија?

 Земјата каде храната е вкусна, архитектурата инспирира, уметноста остава без здив, а луѓето се совршено елегантни. Постојат многу интересни италијански градови, но погледнете кои се оние осум, кои ги издвоија колегите од „Да научиме“ во оваа одлична листа.

1. Милано

Во Милано, модата, уметноста и дизајнот се начин на живеење. Тука се бутиците на Гучи, Прада, Версаче, Армани, Долче и Габана, кои несомнено го прават Милано еден од најдобрите градови за шопинг во цела Европа. Покрај модата, Милано е исто така познат и по оперската куќа, Ла Скала, а и како дом на едно од најпознатите уметнички дела – Последната вечера на Да Винчи. Кога ќе се изморите од шопингот, одморете се во околните кафетерии и ресторани во делот Навиљи, познат по богатиот дневен и ноќен живот.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

2. Неапол

Неапол е еден од најголемите италијански градови и се смета за најважен во јужниот дел на Италија. Градот е сместен под вулканот Везув. Во средниот век бил град-држава, а сега е најмногу познат по производството на пица и развојот на архитектурата. Тој е прекрасна мешавина од симпатични споредни патчиња, масивни зданија, мали пицерии и фини ресторани. Сообраќајот во Неапол, повеќе наликува на град во Југоисточна Азија, но и тоа е дел од неговиот шарм. Иако нема плажа, возењето по брегот Амалфи, особено ноќе, е една од најубавите глетки во светот.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

3. Болоња

Болоња е еден од необичните, средновековни италијански градови и дом на најстариот универзитет во светот. Овде ќе најдете високи кули, импозантни зданија и отворени плоштади. Поради големиот број студенти, во Болоња владее вистински младешки дух. Ова е култен град, кога станува збор за храната. Добро познатиот Болоњезе сос е неизбежен дел од сите ресторани и таверни.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

4. Џенова

Џенова веројатно е најпотценет италијански град од страна на туристите. Се наоѓа во Северна Италија и воедно е главен град на регионот Лигурија. Џенова изобилува со високи згради во впечатливи бои, стрмни патишта и шармантни споредни улички, кои повикуваат да бидат истражени. Секако, тука е и познатото крајбрежје, каде застануваат луксузни бродови, модерни јахти и чамци и каде се ужива во вкусен сладолед или лимончело.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

5. Фиренца

Фиренца е светскиот центар на ренесансата. Моќната династија Медичи, поставила одлични стандарди и принципи, според кои подоцна, уметниците и архитектите успешно се воделе. Богатата уметност и архитектура се главното обележје на овој град. Тука спаѓаат Дуомо, галеријата Уфици, камбанаријата Џото и плоштадите. Прошетајте низ елегантните улици, влезете во некој традиционален ресторан и воодушевувајте ѝ се на Фиренца со чаша Кјанти вино.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

 

6. Верона

Верона е уште позната како „Рим во мало“. Градот има богато античко наследство, кое датира од 13-от и 14-от век. Верона е четвртиот најпосетуван град во Италија. Најпривлечни за туристите се Римската арена, каде можат да гледаат опера на отворено, куќата на Јулија и величествените цркви.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

7. Торино

Торино има прекрасна локација на ридовите на Алпите и одлични музеи, шопинг центри и места за јадење. Ве обзема уметничко чувство додека чекорите среде античките згради, барокната архитектура и пешачките патеки. Доколку сакате да го почувствувате италијанскиот амбиент, без многу врева, тогаш ова е вистинското место за вас. Торино е истовремено романтичен и современ, модерен и традиционален.

8. Рим

Кога станува збор за Италија, Рим не може да се изостави. Град со огромна историја и богато античко наследство. Римскиот Колосеум сѐ уште се смета за една од најневеројатните згради во светот. Историски зданија, аристократски дух, модни бутици и ноќни клубови. Со еден збор, Рим е вистински жив музеј, чии експонати се улиците, зградите, античкото наследство и секако, луѓето. Град кој треба да се посети.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

- Реклама -