Железничките линии Албула и Бернина, на швајцарските Алпи, се како излезени од фантазијата на некој креативен патник. Поминуваат низ планнни, мостови и тунели, а глетката што ја уживаат патниците е празник за очи. Доказ за тоа е што на 7-ми Јули, 2008-та, Албула и Бернина се додадени на листата на светски наследства на УНЕСКО.
Тунелот Албула е највисокиот во земјата, а највисоката точка на железницата се наоѓа на рутата Бернина, на 2.253 метри надоморска височина.
Двете железнички линии заедно се долги околу 128 километри, а и двете ја поврзуваат Швајцарија со Италија.