Во Лос Анџелес има блескави домови и е многу тешко да се утврди кој е најубав.
Сепак агентот Маурисио Умански од The Agency сепак има фаворит. Тој видел премногу куќи, а воедно негова била понудата за последниот дом на Мајкл Џексон, како и продажбата на зградата на Лиса Вандерпемп за 34,5 млн. долари.
Неговата импресивност од зградата Marmont Manor, зборува премногу.
„Тоа е најкул куќа, во која сум бил!”, вели тој.
Имотот е ставен на продажба по цена од 24.5 милиони долари, а се наоѓа на парцела од 3 хектари, што е реткост во Холивуд.
Куќата е сопственост на наследниците на Вилијам Тили, CEO на компанијата Jacmar.
Во неа се вклучуваат вкупно 7 згради. Главната куќа е изградена во 1930 година. Има базен со ресторан и бар, вклучувајќи суши бар и куќа за птици. Имотот дури си има сопствена пожарна, која е официјално регистрирана како таква од страна на властите во Лос Анџелес.
Можете да шетате по патеките околу куќата и крај езерото, во која пливаат лебеди.
Тили бил колекционер и има гаража за 8 автомобили, меѓу кои и стари модели на Ferrari.
Погледнете неколку прекрасни фотофрафии: