„Кажи ни нешто за себе“.
Ова прашање е најчестата причина на која луѓето се сопнуваат за време на интервјуата за работа, според InterviewIQ.
Околу 60 проценти рекле дека не знаеле како да го одговорат, додека други 35 проценти сметаат дека е тоа смешно прашање, кога ќе се земе во предвид дека интервјуирачите веќе го имаат нивното CV и писмо со препораки. Останатите не биле сигурни колку информации треба да вклучат во одговорот или пак биле премногу внимателни за да не звучат како да се фалат.
„Дури и постарите апликанти пропуштаат шанси за работа пред некој помалку талентиран, само бидејќи не знаат што да одговорат. Интервјуираните често се збунети, пелтечат, зборуваат премногу општо, претпоставуваат, со еден збор, не се фокусираат на спецификите што работодавачот сака да ги знае.“, објаснува основачот на InterviewIQ – Каралин Браун, која е исто така најповрзаната жена на LinkedIn во Австралија.
Некои од последните истражувања велат дека 1 од 5 регрутери донесува одлука за помалку од 5 минути, а 60 проценти за помалку од 10 минути.
Според Браун, наместо да сте збунети, треба да се однесувате со самодоверба, да зборувате јасно и да ја вежбате бојата на гласот. „Кога се работи за интервју, мора да лажете додека да успеете. Што повеќе зборувате за тоа, посамоуверени ќе бидете. Вежбањето на одговорот е всушност многу битна работа.“
Браун додава уште неколку топ совети за оставање на моќен прв впечаток:
- Фокусирајте се на тоа како вие ќе бидете корисни за работодавачот, а не како тие ќе помогнат во остварување на вашите потреби
- Бидете концизни, луѓето имаат краток период на внимание
- Што повеќе се повторувате, помалку ќе ви веруваат
- Вклучете и објаснување за вашиот импакт и вредност за работодавачот
- Трудете се да воспоставите контакт со очите со секој од интервјуирачите