Најтешкиот човек кој завршил маратон

сумо борачНајтешкото лице кое завршило маратон тежело 124 килограми. Ако на таа тежина ја додадете и тежината на добар маратонец (околу 55 килограми) ќе ја добиете тежината на Кели Нејтинг, новиот носител на рекордот за најтежок човек кој завршил маратон.

Нејтинг, трократен американски шампион во сумо борење, бил измерен пред стартот на маратонот во Лос Анџелес и тежел 180 килограми. Девет часа, 48 минути и 52 секунди подоцна тој пристигнал на целта и влегол во Гинисовата Книга на Светски Рекорди како најтешкиот човек кој завршил маратон.
 
Сумо борачот џогирал првите 13 километри а останатите 29 ги поминал со одење, често запирајќи на семафори бидејќи го надминал поставеното темпо од 13 минути за секој километар и половина. Тој вели дека бил во делириум по 16 километри и дека дознал дека поминал 21 километар кога еден од пријателите му подал пар чисти чорапи. „Во последните осум километри навистина се мачев“ изјавил тој за Los Angeles Times, „но си реков ,Ако морам и да лазам, ќе лазам’“.

Кога најпосле завришл тој поставил светски рекорд за тежина и си ги подобрил личниот рекорд за повеќе од два часа. На шега изјавил: „Би сакал да го видам Кениецот да си го подобри сопственото време за два часа.“ Нејтинг тежел 90 килограми во неговите факултетски години но вели дека се здебелил откако стапил во брак. Тој станал сумо борач пред 11 години а својата прва национална титула ја освоил по само четири години. И покрај неговата тежина тој вели дека сè уште е во добра форма и сака да го докаже тоа натпреварувајќи се во други дисциплини. Следно за него е препливување на Ламанш. [Sumo wrestler becomes heaviest man to ever finish marathon]

- Реклама -