„Се разбира, мојата“, веројатно е одговорот што прв ви доаѓа на памет. Но…
Веб-сајтот CareerCast.com спроведе истражување во кое направи споредба на професиите, според дозата на стрес што доаѓа со работното место.
Според извештајот наречен „2015 Jobs Rated“ се покажа дека најстресна професија на светот е пожарникар. На скалата од можни 100, пожарникарите добија стрес оцена од 71.59 поени.
На второто место е активната армија со стрес оцена од 70.78, а на третата позиција е уште една воена професија – генерал (63.11).
Во првите пет се и пилот на авион – 60.46 поени, како и полицаец – 63.11. На шестата позиција е – изненадувачки – актер (глума). Глумците добија стрес оценка од 50.33 поени.
На седмата позиција се луѓето што работат во радио и телевизија, а се појавуваат пред камерите и микрофонот. Нивната работа е оценета со 50.30 поени.
Организаторите на настани – оние кои ги влечат сите конци од организацијата на деталите, се осмата најстресна професија во светот со 49.93 поени, а на крајот на листата се фоторепортер – 49.22 и новинар 48.76 поени.
Како фактори на работното место од кои директно зависи нивото на стрес, во предвид се земени: патувањата, можноста за покачување, роковите, работење пред очите на јавноста, конкуренцијата, физичките барања, работните услови, опасноста и ризиците по сопствениот живот, ризиците по туѓи животи и средбите со јавноста.
Треба да се напомене дека истражувањето е спроведено на ниво на САД, па во останатите земји сигурно би имало мали разлики, особено во армиските работни места, бидејќи не сите армии војуваат на повеќе фронтови, како американската.