9-те месеци во кои една жена е бремена, претставуваат посебен период од нејзиниот живот.
Нов почеток, врска, големи промени и, се разбира, многу љубов. Конечно доаѓа и самото бебенце кое предизвикува восхит и насмевки кај другите и доведува до многу промени.
Секој нов родител ќе ви каже дека тоа искуство не може да се опише. И секое е уникатно само по себе. Сепак овие 5 видеа со бремени жени успеваат да ни го претстават ова силно чувство на оригинален начин. Да погледнеме.
1. Нов почеток
Ова симпатично видео започнува со бакнување на стомакот, проследено со 9-месеци, собрани во 90 секунди.
2. Девет месеци и еден розов балон
Таткото Дон Роб прави фотографии на бремената жена со розов балон во рамките на 9 месеци. Конечно ги монтира сликите и ги претвора во видео. Крајниот резултат е одличен.
3. Од почеток до почетокот
Кога пејачот и текстописец Том Флетчер од англиската бојгрупа McFly дознал дека неговата жена Џована е бремена, решил да направи нешто неверојатно. Тој создал едно видео, во кое ја пее песната Something New пред жена си, додека бебето во неа полека расте . На крајот рацете на Џована го држат плодот на нивната љубов.
4. Подготовка
Ова видео е малку поинакво од другите. Креирано е од 1280 фотографии и ја претставува Ерин – една жена која станува мајка за прв пат. Исполнето е со специјални моменти од секојдневниот живот. Во него гледаме како двојката се подготвува за следната фаза од својот живот.
5. „Напумпана” бременост
Ова генијално видео започнува со дупната гумата и завршува со ново семејство. Тоа е дело на режисерот MysteryGuitarMan, а неговото создавање траело 10 месеци.