Уште еден „дијамант“ од small house движењето. Оваа е дизајн на Крис Хајнинг, и по којзнае кој пат потврдува дека малата површина не секогаш значи компромис од аспект на луксузот.
На 26 m² собрани се два ката, кујна, спална и бања, со сите потребштини. Ете ви идеја за викендичка (да си ја купите на готово баш оваа ќе ве чини 70.000 долари).