Е ова е генијална идеја која може да биде помешана со магија. Дизајнерот од Венецуела Енрике Луис Сарди создал чашка за кафе која можете да ја изедете – Cookie Coffee Cup!
Енрике ја создал чашката за Lavazza, познатата италијанска компанија. Тој ја создал користејќи стандардно тесто за колачиња за надворешниот дел и специјален слој од шеќер за внатрешноста која има двојна намена – го заштитува тестото од течноста и го засладува кафето. Некои луѓе тврдат дека постои и верзија со чоколадна изолација.