Најскапите пенкала на светот

pen_introПенкалата имаат долга историја. Човештвото измислило толку многу од нив што ниту еден колекционер не може да ја има комплетната колекција. Најскапите пенкала на светот се во ограничен број и тие што нив ги поседуваат се навистина среќни луѓе.

Пенкалата имаат долга историја. Човештвото измислило толку многу од нив што ниту еден колекционер не може да ја има комплетната колекција. Најскапите пенкала на светот се во ограничен број и тие што нив ги поседуваат се навистина среќни луѓе.

Во продолжение следуваат неколку од најскапите и најретки пенкала во светот.

mystery_masterpieceЛимитираното издание Mystery Masterpiece од креаторите на најпознатите светски пенкала Mont Blanc и Van Cleef & Arpels, е најскапото пенкало некогаш создадено. Неговата цена е $730 000 и се состои од 840 дијаманти. Пенкалото може да се купи во три варијанти кои што зависат од тоа дали во него се вметнати рубини, сафири или емералди. На светот засега постојат само девет, по три од секој модел.

 

 

 

la_modernista_diamondsДруго пенкало, кое не е наменето за обичните смртници е La Modernista Diamonds. Направено е од Швајцарската компанија Caran d'Ache во 1999. Продадено е во 2001 година во стоковната куќа Harrods, Лондон, за $265 000 со што успеа да си го обезбеди местото во Гинисовата книга на рекорди за 2001 година. За неговата рачна изработка мајсторот Robert Perron потрошил 6 месеци 18 каратно злато испреплетено со 5 072 Wesselton дијамнти и 96 рубини. 

 

 

 

 

 

visconti_ripple1Последното од групата најскапи пенкала е Ripple H.R.H. Направено е од 18 каратно бело злато и дијаманти. Цената е околку $57 000, а она што го прави подобро од горенаведените модели е тоа што има опција за надополнување со мастило, па на корисниците им се овозможува понекогаш и да го употребуваат.

- Реклама -