На менито со најскапите јадења и пијалоци во светот мартинито чини 10.000 долари, овошниот сладолед доаѓа со декорација од 23-каратно злато, а се нудат и уште неколку безобразно скапи гурмански задоволства.
На менито со најскапите јадења и пијалоци во светот мартинито чини 10.000 долари, овошниот сладолед доаѓа со декорација од 23-каратно злато, а се нудат и уште неколку безобразно скапи гурмански задоволства.
Knipschildt Chocolatier го пакуваат ова декадентно слатко во посебна кутија, која на дното има шеќерни бисери. Само едно вакво слатко чини 250 долари.
Има добра причина зошто го носи епитетот „Најскапото сирење на светот“, чини 500 долари за околу 450 грама и доаѓа од мали, приватни фарми со лосеви во рурална Шведска.
[[Wagyu]] е вид на говедо чие месо се цени заради високиот процент на omega-3, omega-6 масни киселини и незаситени масти. Неколку реони во Јапонија се познати по квалитетот на говедското месо од Wagyu. Цената на четири Wagyu бифтеци од Кобе е 285.95 долари.
Овие италијански тартуфи се меѓу најскапите во светот – 113 грама ќе ви ја олеснат вашата сметка во банка за 400 долари.
Направено од зрнца кафе кои поминале низ дигестивниот систем на еден вид цицач со големина на мачка кој живее во Југоисточна Азија и Јужна Кина, 450 грама од ова кафе чини 229.95 долари.
Овој добро познат производител на шампањ е синоним за луксузниот начин на живот, но шампањот од 1988 година чини скандалозни 700 долари за шише.
Џигерот од гуска е познат по помекиот и покремаст вкус, наспроти тој од патка. Како и да е, со 115 долари за помалку од 300 грама, воопшто не е мек за вашиот џеб.
Ресторанот Serendipity 3 е Гинисов рекордер со својот најскап овошен сладолед во светот. Овој десерт од 1.000 долари има златен лист кој може да се јаде од 23-карати, ретки чоколади и сладолед, сервирани во кристална чаша со златна лажица од 18 карати.
Во Algonquin хотелот на Менхетн, за 10.000 долари (!) можете да го почувствувате вкусот на декадентниот луксуз и да го нарачате познатиот мартини кој вклучува дијамант по ваш избор како декорација на дното од чашата.