Секоја дама треба да има во својата гардероба барем една торба од овој бренд.
Цените се високи, но квалитетот и реномето – исто така.
Ова се најскапите модели чанти на Gucci. Најевтината торба во овој ранг чини 26 500 долари. Еве ги топ 10:
Цена: 26 500 долари
Таа е средно голема, од крокодилска кожа и е инспирирана од модел од 1965 година. Денешниот модел сепак има џебови за паметен телефон и клучеви. Металните делови се од злато.
Кафеава торба, 1921 година
Цена: 27 000 долари
Цените во оваа линија варираат во различни бои. Кафеавата торба чини 27 000 долари.
Модел од 1921 година.
Цена: 27 000 долари
Од истата линија, како и претходната, но во посветло кафеава.
Пинк крокодилска торба
Цена: 28 000 долари
За цената доволно говори фактот што чантата е изработена од крокодилска кожа.
Розова средна торба, 1921 г.
Цена: 28 990 долари
Таа е дел од колекција по повод 90-тиот роденден на брендот. Од крокодилска кожа, со златни орнаменти.
Зелена торба, 1921 година
Цена: 28 990 долари
Зелената крокодилска кожа изгледа луксузно, но не и премногу нападно.
Црна крокодилска кожа
Цена: 29 990 долари
Секоја дама треба да има црна торба. Секоја богата дама треба да има црна торба од од крокодилска кожа.
Модел повторно од крокодилска кожа
Цена: 29 990 долари
Модел Tote
Цена: 32 000 долари
Ова е еден од најпознатите модели. Има 3 прегради, произведен е од крокодилска кожа. Може да се комбинира како со елегантен фустан, така и со фармерки.
Модел Џеки
Цена: 37 400 долари
Во случај да сте од луѓето способни да си купат торба со цена на пристоен автомобил, овој модел е за вас. Изработен е од крокодилска кожа и златни орнаменти.