Најпродаваните автомобили во Европа во 2013

Најуспешна марка во продажбата во текот на 2013 година и натаму е Volkswagen, a најдобро продаван модел е неговиот бестселер Golf.

JATO Dynamics ги објави податоците за продажбата на нови автомобили во Европа во изминатата година, според кои во втората половина на 2013 бележи сериозно подобрување во бизнисот, што доведе до минимален пад од 1,7% во реализацијата во однос на претходната година. Најуспешна марка во Европа минатата година повторно е Volkswagen, а на второ и трето се Ford и Opel/Vauxhall. Единствениот бренд во Топ 10 на најбараните во година, кој може да се пофали со раст во продажбитеа во однос на претходната година е Mercedes. Надвор од десетте најдобри од JATO Dynamics истакнуваат завидно пазарно претставување на Dacia (+23,6%), Seat (+9,4%) и Mazda (+18,3).

И натаму најпродаван модел во Европа е Volkswagen Golf, следен од Ford Fiesta (најпродаваната во В-сегментот), кои сепак бележат пад во продажбата во однос на 2012 и Renault Clio со раст во реализацијата од 17,6%. Со подобрувања во пласманот можат да се пофалат исто така Peugeot 208 и BMW 3, со пораст од 49,3%, односно 14,8%, на шестото и деветтото место во конечниот пласман.
Надвор од првите десет, со раст на продажбата од 70% и повеќе проценти можат да се пофалат исто така Mercedes A, Dacia Sandero, Toyota Auris, Seat Leon, Fiat 500L, Volvo V40 и Opel/Vauxhall Mokka.
- Реклама -