Најпопуларните играчки во минатиот век

ИграчкиДенес, главната преокупација на децата се компјутерите и компјутерските игри. Но, пред масовната популаризација на овие машини, постоеше еден друг вид играчки. Следува хронолошката листа на најпопуларните играчки во минатиот век.

Денес, главната преокупација на децата се компјутерите и компјутерските игри. Но, пред масовната популаризација на овие машини, постоеше еден друг вид играчки. Следува хронолошката листа на најпопуларните играчки во минатиот век.

Играчки
Кученце на дрвени тркала

Опашката на кученцето се мрдала, кога петте дрвени тркала на платформата на која е прикачено се вртеле. Децата го влечеле по себе со долго ремче. Се појавило во 1921 година и чинело 1 долар (што за тоа време и не е така евтино).

Мече
Плишано мече

Плишаното мече е родено уште далечната 1906 година, за време на претседателствувањето на Теодор Рузвелт. Но, во масовна продажба влегува дури во 1929 година. Оттогаш, тој концепт остана како еден од најпопулраните на сите времиња.

Скутер
Тротинет

Првичните верзии на тротинетите се појави некаде во дваесеттите години на минатиот век, но дури во 1933 година, тие добија целосно метална конструкција, калници и цена од речиси 5 долари. Тогаш нивната популарност рапидно порасна.

Мики Маус
Мики Маус

Мики Маус е роден на 18 ноември 1928 година, денот кога излезе првиот цртан филм на Дизни со синхронизиран звук, „Парабродот Вили“, во кој Мики употребува животни како инструменти за свирење музика. Играчката Мики Маус, висока 30 сантиметри, излегла во 1935 година и чинела 2 долари.

Куќа
Куќа за кукли

Овие играчки, претставени во 1940 година, претставуваат веродостојни макети на вистински куќи и се одликуваат со одлична изработка. Чинеле 4 долари.

Телефон
Телефон

Оваа играчка која излегла во 1954 година, била наменета за деца меѓу 2 и 4 години, кои најчесто си играат сами. Еден од моделите дури имал и опција да праша – ќе ве молам бројот.

Воки-токи

Воки-токи

Во 1951 година излегла во продажба играчката што се сметала за неверојатно футуристичка. Персонални комуникатори помеѓу 2 деца, во секое време. Можеби изумителот ќе се чувствува глупаво сега кога ги гледа сите деца што се шетаат со мобилни телефони.

Пластелин
Пластелин

Пластелинот го измислил Џозеф МекВикерс, во 1955 година, на 27 годишна возраст, откако ја видел ќерка му како си игра со тапети. Во масовна продукција влегол во 1958 година, кога и станал популарен.

Барби
Барби

Најпопуларната кукла на сите времиња, Барби, се родила во 1959 година. Тогаш, Барби чинела 3 долари, а Кен 3 и пол долари.

Лего
ЛЕГО коцки

Во 1975 година, ЛЕГО направија револуција во светот на играчките. Создадоа коцки што им овозможуваат на децата да си ги обликуваат играчките според својата имагинација. Дури и денес, ЛЕГО е шестиот најголем производител на играчки. Пресметано е дека децата трошат околу 5 милијарди часови годишно, играјќи си со ЛЕГО.


Нинтендо
Нинтендо

Во 1985 година, кога беше претставена играчката конзола на Нинтендо, децата инстантно започнаа да се вљубуваат во Донки Конг и Супер Марио. Подоцна, во 1989 година излезе и Гејм бој, првата портабл видео игра. Овие играчки, на некој начин, го одбележаа почетокот на револуцијата во светот на видео игрите.

igracki13
Ферби

Ферби е интерактивна играчка на Мајкрософт која излезе во 1997 година. За разлика од претходните играчки од овој тип на кои им бил потребен компјутер за да функционираат, Ферби е потополно автономна и чинела само 30 долари.

Сега
Сега Дримкаст

Во 1999 година, најважното нешто на списокот желби на секое дете беше Сега Дримкаст. Во тоа време, конзолата успеваше да процесира графика 4 пати побргу од најбрзиот Пентиум 2 плус процесор. Игрите беа снимени на CD и чинеше 200 долари. На некој начин, ова беше и точка од која почна да се развива најпопуларната конзола на сите времиња – Плејстејшн, но тоа е веќе друга приказна.

- Реклама -