Сите сакаат all inclusive одморалишта – од Црното Море до Малдивите.
Yahoo објавија кои се 10-те all inclusive одморалиште во светот, за кои има најмногу пребарувања на интернет:
10. Kurumba, Малдиви
Малдивите се прекрасна држава од над 1.000 острови, од кои 185 се населени, а Kurumba е првиот хотел тука! Отворен е во 1972 година, но станува популарен дури во последните години. За да стигнете треба да слетате на аеродромот во Мале и од таму да фатите брз брод, со кој ќе стигнете за само 10 минути. All inclusive пакетите почнуваат од 115 долари по човек.
9. Sultan Gardens, Египет
Се наоѓа во градот Шарм ел – шејк на Црвеното Море. Има 520 соби и четири базени, од кои еден е забранет за деца. Најмалите сепак имаат детски клуб, каде аниматорите ги забавуваат додека нивните родители си поминуваат добро во ноќниот клуб. All inclusive пакетот вклучува три оброци, пијалоци и сладолед. Достапни се часови по нуркање, спа третмани и др. Цените почнуваат од 80 долари од вечер.
8. Galley Bay Resort, Антигва
Овој комплекс е само за клиенти без деца. Лоциран е меѓу 40 хектари тропски градини и има сопствена плажа од околу 1 км. Може да се сместите во зградата на хотелот или во некој од приватните бунгалови, има три барови и три ресторани. Цените почнуваат од 600 долари од вечер, за двајца.
7. Rixos Sharm el-Sheik, Египет
Уште едно одморалиште во прекрасниот египетски град Шарм ел-шејк. Плажата е многу погодна за деца. Хотелот има 695 соби, 11 базени и сопствен дел од плажата. Постојат 8 ресторани кои нудат интернационална кујна. Ако се уморивте од сончање, пробајте ја турската бања или спа центарот. Цените почнуваат од 350 долари на вечер за соба.
6. Ikos Oceania, Грција
Идила во Егејското Море! Од едната страна е синото море, а од другата е зеленилото на шумата. Ова одморалиште ја предводи листата на TripAdvisor за најдобро all inclusive одморалиште во Европа. Цени: почнуваат од 450 долари за две лица. Во најпрометните периоди има минимум 5 ноќевања.
5. Grand Bahia Principe Bavaro, Доминиканска Република
Bahia Principe има пет одморалишта во Пунта Кана, од кои секое таргетира различна група клиенти. Grand Bahia Principe Bavaro е идеален за семејства со деца. Постои можност за пливање со делфини, возење на ATV во шумата и др. Цените почнуваат од 87 долари од вечер.
4. Le Blanc Spa Resort, Канкун
Наменет е за клиенти без деца. Тука е исклучително мирно и идилично Цени: почнуваат од 520 долари од вечер
3. Secrets Maroma Beach Riviera, Канкун
All inclusive пакетот дава право на храна без лимит во секој од 9-те ресторани. Во секоја соба има џакузи и тераса. Хотелот нуди романтична атмосфера. Тој е само за возрасни. Во близина има голф. Цените почнуваат од 600 долари на вечер.
2. Iberostar Grand Hotel Paraíso Five-Star Hospitality, Плаја дел Кармен, Мексико
Уште едно одморалиште само за возрасни без деца. Постојат три базени, 24 часа услуга во собата, шест бара. Цени: почнуваат од 520 долари од вечер
1. Grand Velas Riviera Maya, Кармен, Мексико
Лоциран е на 80 хектари. Тоа е релативно нов хотел – отворен во 2008 година. Во собите има џакузи и 42-инчни телевизори. Нуди 24 часа батлер, тури за нуркање, има терен за голф. Цените почнуваат од 700 долари од вечер.