На промоцијата на својата најнова колекција создадена во соработка со спортскиот бренд „New Balance“ германскиот супер модел Хајди Клум со леснотија демонстрираше кревање тегови.
Станува збор за лажен спортски реквизит, но сепак физичката подготвеност на 39 – годишната Клум е неспорна.
По презентацијата во една од брендираните продавници во Калифорнија, Клум презентирањето го продолжи во телевизиското шоу Extra.
Погледнете дел од амбиентот на промоцијата на најновата колекција на Клум.