Најновата реклама на Кока-Кола го трогна светот

Кока-Кола е често мета на критики заради сомнителниот квалитет на состојките кои се наоѓаат во овој пијалок, но кога станува збор за маркетинг и промоција, тешко дека им има рамен.

Така, и со последната реклама, оваа компанија го освои светот.

„Nello Happiness“ од Кока-Кола е уште една емотивна реклама, во која станува збор за краток документарец посветен на сиромашните работници од југоисточна Азија кои доаѓаат во Соединетите Арапски Емирати во потрага по заработка.

Тие зборуваат дека нивна најголема желба е да овозможат колку-толку попристоен живот за членовите на нивните семејства кои се наоѓаат во родните земји, и дека е навистина тешко да го платат школувањето на нивните деца.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Истовремено, велат дека иако навистина сакаат барем еднаш дневно да можат телефонски да се слушнат со нив, сепак, скапите телефонски линии ги оттргнуваат од реализацијата на оваа желба.

Кока-Кола инспирирана од оваа приказна направи специјално дизајнирана говорница, во која како жетони служат капачињата од шишињата на овие сокови. Еден жетон – една минута разговор.

- Реклама -