Најнеобичните хотели во светот

Порталот за туристички атракции Tripadvisor направи листа на најнеобичните хотели во светот.

Доколку сте трагачи по екстремните детали за време на патувањето погледнете какви хотели постојат ширум светот и можеби ќе посакате да престојувате во нив!

Првото место го зазема хотелот Costa Verde кој се наоѓа во Националниот парк Мануел Антонио, Костарика. Зградата на хотелот е направена во вид на Boeing 727. Едно ноќевање ќе ве чини од 300 до 350 долари.

download (1)

Берлинскиот хотел Propeller Island Lodge е создаден според мотивите на романот „Таинствениот остров” на Жил Верн. Во него ќе најдете соби со искривен под, кревети во вид на гроб и какви уште не неразбирливи конструкции.

Propeller_Island_City_Lodge__Berlin_copia

The Five Hotel кој се наоѓа во Париз ги вчудоневидува своите гости со низа пријатни детали, како на пример свеж леб од познатата пекара Монж, одличниот чај Mariage Frres и средства од козметичката линија L’Occitane.

3

Treebones се наоѓа на брегот на Тихиот океан и се состои од 15 шатори и една главна куќа. Гостите на располагање имаат базен, суши бар имногу топли ќебиња.

4

Хотелот Hang Nga во Виетнам наликува на вистински замок на кошмарите, но затоа внатрешноста не е ни најмалку страшна.

5

 

crazy-house-dalat

- Реклама -