Човештвото и должи мнооогу на науката, ама и науката на човештвото. Порано, кога во име на науката истражувачите имале безмалку одврзани раце во однос на субјектите на нивните истражувања, границите на човечноста биле поминати во многу наврати. Следуваат некои од најнехуманите експерименти спроведени во историјата, и тоа под владина капа:
Проект MK Ultra
За време на 50-тите години од овој век, научниците на ЦИА почнале да експериментираат со контрола на умот, користејќи ЛСД терапија и репетитивни звуци. Најголемиот дел од нивните наоди се уништени во текот на скандалот Вотергејт, но постојат докази дека владата тогаш ги дозирала наивните граѓани со дрога, за да ја придобие неговата наклонетост.
Бричис
Бричис е името на мајмунот кој е одведен од својата мајка и присилен на тестирање на универзитетот во Калифорнија. Тестирањето се однесувало на сонарен прототип на уред за слепи луѓе. Има само еден проблем – Бричис не бил слеп. За да го направат таков, научниците му ги сошиле очите… На крајот бил ослободен од „Animal Liberation Front“ во текот на една рација во 1985-тата година.
Трансплантација на тестиси
Лио Стенли, главниот доктор на затворот во Сан Квентин во периодот на 1913-тата година, верувал дека мажите што прават криминали и злочини имале помалку тестостерон од останатите луѓе. Ја тестирал својата теорија така што на затворениците им пресадувал нови тестиси. Неретко, имало недостаток од човечки, па Стенли „ги лечел“ криминалците трансплантирајќи им животински тестиси.
Зацврстување на кожата
Настојувајќи да им ја уцврсти кожата на војниците, Албгер Клигмен експериментирал со затвореници. Им вбризгувал опасни хемикалии, по што сите испитаници завршиле со опекотини и трајни лузни.
Стенфордскиот затворски експеримент
Испитаниците биле поделени во две групи. Едните биле „чувари“, а останатите „заробеници“. Иако улогите биле доделени сосема арбитрарно, „чуварите“ за многу скоро време почнале да демонстрираат садистичко однесување, терајќи ги „затворениците“ да се соблекуваат голи и да спијат на тврд бетон, меѓу другото. Еден од затворениците бил изложен на толку голема нехуманост што имал нервен слом и морал да го напушти експериментот.
Експеримент на послушност
На учесниците во овој експеримент им е речено дека мораат да притискаат тастер со кој ќе му дадат електро-шок на некој друг човек во соседната соба. Човекот што го примал „шокот“ бил всушност актер кој се преправал дека го боли, но се разбира, испитаниците тоа не го знаеле. Сé што им е речено е дека заради експеримент мораат да продолжат да го шокираат човекот, зголемувајќи го напонот сé додека не престане да мрда. Студијата покажала дека дури 65% од учесниците продолжиле да му приредуваат шокови на човекот и покрај тоа што вриштел и се виткал од болка. Можеби самиот експеримент нема многу нехумано во него, ама дефинитивно ја прикажува нехуманоста во самиот човек.
Харловата јамка на очајот
Мајка и бебе мајмуни биле одвоени и присилени на Харловата „јамка на очајот“, секој посебно. Поточно, се работело за кафез во кој единствено друштво им правело едно шише вода. Поентата на проектот била да се испита ефектот на изолацијата врз развојот на детето и понатамошната депресија. Очекувано, и двата мајмуна развиле депресија, но и некои дополнителни психосоматски проблеми, како лошо варење.
Сифилис
Јавниот здравствен центар во Америка намерно им вбризгувал сифилис на црцните, со цел да се проучи ефектот. А ефектот бил страшен, се разбира – испитаниците имале сериозни последици по кожата, а дополнително секој од нив завршил со смрт. Се смета дека владата не се потрудила да ги излечи откако ги заразила. Ова се случувало меѓу 1932-та и 1970-тата година (да, речиси 40 години!), што значи дека експериментот имал амин од повеќе од еден претседател.