Запознајте ја Лолита Ричи, најмладата жива барбика до сега.
Оваа Украинка смета дека на неа најубаво ѝ стои изгледот на барбика, но тврди дека е сосема природна. Иако многумина се сомневаат во тоа, оваа барбика вели дека немала пластични операции, а дури не користи ни фотошоп.
Лолита, која е со потекло од Киев, но во моментов живее во Туркменистан, користејќи шминка и перики го постигнува изгледот на најпознатата кукла во светот.
Но, пропорциите на нејзиното тело укажуваат дека таа била подложена „под нож“. Големите гради, многу малиот струк и женствениот задник ја прават фигурата на Лолита да изгледа малку неприродно.
– Мислам дека овој имиџ го постигнав подобро од другите, Јас сум најдобра вамп жена- изјавила оваа средношколка.
Поради изгледот, таа привлекува внимание каде и да се појави. Сепак, Лолита мисли дека има многу љубоморни на неа.
– Луѓето отворено зборуваат колку се љубоморни на мене и за тоа колку добро изгледам. Им се допаѓам на сите момчиња во училиште, но тие мене не ми се допаѓаат. Не се по мој вкус- вели Ричи.
Додека била дете, била вистинска „мушкоданка“ и не внимавала на изгледот. Дури пред неколку години полна со самодоверба, оваа девојка го прифатила новиот изглед, како кукла. Од тогаш стекнала цела „војска“ лојални фанови на руската социјална мрежа VK.
Но, признава и дека од обожавателите добива и негативни коментари и критики на интернет.
Интересни е тоа што нејзината мајка нема никаков проблем со провокативните слики на Лолита. Поточно, нејзината мајка Ања (33) е нејзин личен фотограф.
– Мојата мајка е горда на тоа како изгледам- тврди Лолита.