Да можете да ја бирате најдобрата локација да играте фудбал, многу е веројатно да ја изберете оваа. Се наоѓа во Henningsvær на норвешките острови Lofoten.
Фотографијата е направена со дрон, од висина од 120 метри. Авторот, Misha De-Stroyev, за фотографијава доби 3-то место во категоријата „Градови“ во конкурсот Travel Photographer of the Year на National Geographic за 2017-та.