Најмалку шест земји во Европа истражуваат за воени злосторства на Русија во Украина

Киев, 21 март 2022 (МИА) – Најмалку шест земји во Европа истражуваат за воени злосторства на Русија во Украина. Покрај Естонија, Литванија и Германија, тоа го прават и Полска, Словачка и Шведска, објави украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова.

„Тесно соработуваме со нив за да ја забрзаме размената на информации и докази“, објави Венедиктова на Твитер.

Прочитајте и:  Коваленко: Денешниот ракетен удар врз Киев е почеток на масивни напади врз Украина
- Реклама -