Најмалку 33 загинати во ракетирањето на станбена населба во Чернигов, градот во руини (ВИДЕО)

Најмалку триесет и три лица загинаа денеска во руски напад врз две училишта и станбени згради во северниот украински град Чернигов, соопшти украинската служба за спасување, пренесе МИА.

Претходно беше соопштено дека загинале 22 лица, но се стравува(ше) дека бројката е уште поголема, бидејќи спасувачите сѐ уште трагаат по жртвите и преживеаните под урнатините.

Во Чернигов живеат околу 280.000 луѓе. Фотографиите и видеата на социјалните мрежи сведочат за бескомпромисното гранатирање и деструкција, иако руските власти упорно тврдат дека таргетираат само воени цели и инфраструктура со „високо-прецизно оружје“ и дека „руските сили не се закана за украинските цивили и цивилна инфраструктура“.

ВНИМАВАЈТЕ, КРАЈНО ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!

Прочитајте и:  Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
- Реклама -