Најмалиот меѓудржавен мост во светот што ги поврзува САД и Канада е долг само 9,8 метри, а за да се излезе од куќата и да се влезе во дворот потребен е пасош.
Најмалиот меѓудржавен мост во светот што ги поврзува САД и Канада е долг само 9,8 метри, а за да се излезе од куќата и да се влезе во дворот потребен е пасош.
Најмалиот меѓународен мост на светот ја поврзува Канада со САД на североистокот на езерото Онтарио. Долг само 9,8 метри, ги поврзува островот Завикон – поголем од двата острова на кој се наоѓа канадскиот објект, а преку мостот се поврзува со помалиот американски остров. Според граничниот договор меѓу тие две држави од 1793 година, одлучено е ниту еден од островите врз кои минува границата да не биде поделен на пола.
Договорено е државната граница да биде стотина метри од брегот, а таму каде што тоа не е можно, границата цик-цак ќе минува меѓу островите. Тоа објаснува зошто, иако според правилото за сто метри поголемиот дел од островите би се наоѓал на канадска територија, двете држави имаат ист број острови. Една од последиците е и оваа необична граница што минува преку десетметарскиот мост. виа.