Најмалиот коњ во светот

Живее во Корингем, Англија, и е најмалиот коњ на светот. Ејсер е висок само 22 инчи (56 сантиметри), што значи дека е голем колку куче. Па така, како и секој домашен миленик, Ејсер слободно шета низ куќата, оди на секојдневни прошетки со неговата заштитничка Морин О’Саливен, па дури има и најдобар пријател – лабрадор.

Зошто е толку малечок? Страда од ретка болест наречена „дварфизам“, заради што не пораснал доволно во утробата на неговата мајка.

Можеби Ејсер не е најдобриот коњ за јавање, но затоа пак е токму она што секое дете го замислува кога ќе рече „Тато, сакам пони!“.

- Реклама -