Најмалата камп приколка во светот

БуфалиноБуфалино е мала камп приколка, дизајнирана од германскиот индустриски дизајнер Корнелиус Команс. Во внатрешноста има доволно опрема за да ги задоволи сите потреби на едно лице. Концептот зад овој проект е да се овозможи апсолутна флексибилност за време на патувањето.

Буфалино е мала камп приколка, дизајнирана од германскиот индустриски дизајнер Корнелиус Команс. Во внатрешноста има доволно опрема за да ги задоволи сите потреби на едно лице. Концептот зад овој проект е да се овозможи апсолутна флексибилност за време на патувањето.

Буфалино

Минималистичката конструкција е направена врз веќе постоечкото Piaggio APE 50, транспортно возило со три тркала. Ова возило било одбрано поради ниската цена и малата потрошувачка на гориво. Покомплицираните делови како рамката, шасијата и моторот се од оригиналниот модел.

Буфалино

Буфалиното ги поттикнува корисниците да ја истражуваат околината и надвор од означените патеки. Ентериерот е опремен со кревет, две места за седење, зона за подготвување храна, лавабо, простор за складирање предмети, резервоар за вода и мал фрижидер, што значи дека ги има речиси сите удобности како и вашиот дом.

Буфалино
Буфалино
Буфалино
Буфалино
Буфалино
Буфалино
Буфалино
Буфалино
- Реклама -