Најлудите научни експерименти

Благодарение на науката и технологијата, денес можеме да го оствариме она што некогаш било незамисливо. Додека некои луѓе сите благодети на модерниот свет ги користат за да најдат решение за некои важни проблеми, други ги користат за да ги остварат своите необични и луди проекти. Листверс објави листа на некои од најбизарните научни експерименти кои се забележани последните години, пренесува Идекс.

Сирење со човечки бактерии

Еве еден предизвик за гурманите и љубителите на сирење. Дали би пробале сирење кое е зачинето со човечки бактерии? Микробиологот Кристина Агапакис и експертот за мириси Сишел Толас се одговорни за овој рецепт. Тие направиле брисови од разни делови на човечко тело, меѓу другото од нос, папок, ножни прсти и внатрешноста на устата. Пронајдените организми ги додале во свежо млеко и направиле 11 видови на сирење, а секое од нив имало мирис на својот донатор. Проектот под името Селфмејд требало да помогне на луѓето подобро да ги разбираат микробите и да размислат зошто толку се гадиме од нив. – Зошто се чувствуваме непријатно поради бактериите на телото, а бактериите во сирењето не ни се непријатни – прашува Агапакис. Сирењата биле изложени на научната изложба Grow your own: Life After Nature во Даблин.

Лица направени од ДНК

Секогаш кога на улица ќе фрлите догорче од цигара или гума за џвакање, всушност фрлате дел од својата ДНК. Хедер Деви Хедборг тие отпадоци ги носи во биотехнолошката лабораторија Џенспеис во Бруклин. Таму од нив вади секвенци од ДНК и со помош на компјутерска програма одредува некои својства и особини како полот, бојата на косата, димензијата на лицето и дебелината. Со помош на тие податоци, компјутерската програма создава слика на луѓе кои фрлиле догорче или мастика. Лицата не се совршена копија, но Хедер ги опишува како лица кои имаат семејна сличност со лицето чија ДНК ја искористила. Кога ќе ги заврши портретите, ги печати на 3Д печатар.

Човечка петунија

kac

Бразилецот Едуардо Кац е познат по својата трансгенетска уметност, со трудови кои ја менуваат природата и создаваат нови форми на живот. Авторот на контроверзниот проект GFP Bunny во кој од медуза извлекол флуоресцентен протеин и го ставил во ембрион на зајак. Во 2009 година успеал да добие прв биолумисцентен зајак. Истата година го запознал светот со Едуин, роза петунија која имала и човечки дел. Цветот всушност содржел гени од неговото тело. Едуардо со помош на научници извадил своја крв, ја копирал генетската секвенца од својот имунолошки систем и вбризгал свој ген во растението. – Тоа живее. Вистинско е, вистинско како мене и вас. Се разликува само по тоа што не го направила природата, туку јас – изјави Едуардо.

Облека од бактерија

Дизајнерката Сузан Ли е заслужна за линија облека која веројатно нема да се допадне на љубителите на модата. Со помош на милиони микроби во рамки на проектот BiCouture Research, направила линија јакни, маици и чевли. Нејзиниот процес на изработка на облеката почнал со готвење на 30 литри зелен чај во кој додала голема количина на шеќер. Кога чајот ќе се олади во него става мешавина од бактерии и квасец. Како што ферментира течноста така бактериите создаваат нано-влакна на целулоза која на врвот на течноста формира леплива смеса. По неколку недели таа создадена ткаенина Ли ја пере, суши и почнува дизајнирање на облеката. Дизајнерката сонува дека еден ден ќе направи облека која ќе го храни телото и луѓето ќе ги заштитува од болести.

Човек со трето уво

Австралискиот уметник Стеларц сака да го користи своето тело како главен инструмент на своето уметничко изразување. Во 2006 година од неговата кожа конструирале уво и со хируршка постапка го вградиле во неговата лева надлактица. Уметникот се уште не завршил со хируршките зафати на своето трето уво и наскоро има намера да му додаде ушна ресичка. Увото тогаш има намера да го спои со интернет за да може кој било на светот да го слуша она што тој го слуша во одреден момент. Би сакал увото да функционира и како телефон. Ако некој му се јави на телефон тој со лицето би можел да разговара преку третото уво, а гласот на лицето би го слушнал во својата глава, т.е. во устата во која би имал вграден мини звучник.

Жена која сака да роди морско куче и потоа да го изеде

Jапонската уметничка Аи Хасегава се нашла пред дилема. Сакала да роди, но сметала дека на Земјата и така има премногу луѓе. Затоа прво се одлучила да роди делфин, но на крај се одлучила за морско куче. Зошто? – Загрозени се, нивниот животен век е долг речиси како и човечкиот и она најважното, вкусни се – рекла Хасегава. По породувањето, некое време би го чувала морското куче и потоа би го пуштила во дивина за да добие на вкус. Морското куче би имало на себе ГПС направа.

Ако некој го улови, Хасагава би го нашла, би ги купила неговите филети и би го изела своето дете. Хасегава моментално соработува со гинеколози кои треба да ја зголемат нејзината матка и да ја претворат во аквариум. Има намера да создаде генетски модифицирана плацента која нејзиното младенче ќе го чува од антитела. Нејзиниот проект звучи лудо и би резултирал со многу прашања. Дали жена, откако ќе роди животно може да го изеде своето младенче? Хасегава верува дека луѓето не би имале проблеми со тоа, со оглед на тоа дека тоа секојдневно се случува во животинскиот свет.

- Реклама -