Најлудиот фудбалски натпревар!

Многумина не би се сложиле, но во фудбалската тактика нема некоја посебна философија. Целта е да се смести топката меѓу стативите на противникот, а оној што ќе го направи тоа подобро, е победник. Но, не и на мечот Барбадос – Гренада, во 1994-тата година.

Стигнувајќи до последниот меч по групи на Купот на Карибите во 1994-тата година, Барбадос морал да ја победи Гренада со два гола разлика, за да стигне до финалето. Во спротивно, Гренада е онаа што оди понатаму. Нерешен резултат во регуларните 90 минути би резултирал со екстра продолжение, во кој првиот постигнат гол ќе го прогласи победникот. Штосот, е во тоа што организаторите решиле дека во тој случај, голот би се броел како два.

Од самиот почеток, Барбадос водел со 2-0, но на само 7 минути до крајот, Гренада постигнала гол за 2-1. Барбадос се нашол на работ на елиминација. Кога играчите сфатиле дека немаат доволно време за да постигнат гол против цврстата одбрана на противникот, се упатиле кон својот голман и намерно постигнале  авто-гол за да го израмнат резултатот, што би ги одвел во продолженија. Гренада, исто така, не биле наивни и се обиделе самите да постигнат автогол, што би му дал недоволна предност на противникот од еден гол. Играчите на Барбадос биле брзи и успеале да ги спречат во намерата, а токму тука комедијата го достигнала врвот. Во последните 5 минути, публиката била вчудоневидена од развојот на настаните на теренот – двата тима со крајни напори ги бранеле противничките голови, додека и играчите и голманите очајно се обидувале да го погодат својот!

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Итроштината се исплатела. Мечот завршил со резултат 2-2, а во продолжението Барбадос постигнал брз гол, што му донел теоретска предност од 2-0 (според правилата) и го однел во следната фаза.

Нормално, тимот на Гренада бил бесен. Нивниот тренер изјавил: „Се чувствувам измамено! Оној што ги смислил ваквите правила е кандидат за лудница!“.

„Фудбалот не смее никогаш да се игра вака, со толку многу збунети играчи на теренот. Нашите играчи не знаеја ниту во кој правец да напаѓаат, нашиот или противничкиот гол. Никогаш не сум видел нешто слично. Во фудбалот мораш да постигнеш гол против противниците за да победиш, а не за нив!“, коментира еден навивач.

- Реклама -