Над 100 мажи со најлудите бради се пријавиле во годинешното издание на European Beard and Moustache Championships во Витерсдорф, Франција минатиов викенд.
Учесниците ги извиткале своите мустаќи и ги разбушавиле своите бради, украсувајќи ги своите лица со прекрасни екцентрични дизајни. Без оглед дали сакате брадести мажи или не, мора да се признае посветеноста на овие луѓе и нивниот креативен труд. Фотографиите од натпреварувањето овозможуваат поглед во светот на украсување на бради кој истовремено е забавен, луд и напорен.