Откако сте биле со некого во врска и сакате да ја завршите истата, најмалку што можете да сторите е да го сторите тоа лице в лице. Но, некои едноставно немаат храброст да го направат тоа. Еве дел од најлошите начини на раскинување врска.
Откако сте биле со некого во врска и сакате да ја завршите истата, најмалку што можете да сторите е да го сторите тоа лице в лице. Но, некои едноставно немаат храброст да го направат тоа. Еве дел од најлошите начини на раскинување врска.
На одмор
Со кого најмалку би сакале да заглавите на пуст остров? Веројатно со некој кој тукушто ви соопштил дека мисли дека не ви оди баш најдобро и можеби би било најдобро веќе да не се гледате. Одморот е многу сличен на пуст остров поради тоа што нештата се веќе платени и не е толку едноставно да си заминете (особено ако е некаде подаелку). Ако ви се случи вакво нешто, најдете активности што можете сами да ги правите и извлечете го максимумот од лошата ситуација.
По СМС
Порано се оставале ливчиња и писменца, а сега ја имаме многу побрзата порака. Немате доволно храброст да го сторите тоа лично?
На Facebook
Воопшто не е пријатно кога ќе го видите партнерот тагнат на нечии фотографии во компромитирачки пози или пак да дознаете дека го сменил статусот на својата врска. Многу помалку понижувачки ќе биде доколку ја искористите реалноста како медиум.
На вашето заедничко место
Местото каде што првпат сте излегле, местото каде што одите на прошетки, местата што се врзани со убави спомени треба да си останат такви. Постојат многу други места на светот. Искористете некое од нив.
По секс
Барем почекајте додека да се облечете. Започнување таков разговор веднаш по сексот е прилично понижувачки, зашто партнерот ќе се чувствува немоќно, со оглед на тоа што е гол.
Не правејќи ништо
Ова е убедливо најкукавичкиот начин. Со одбегнување, нејавување, неиспраќање пораки, т.е. прекин на секаква комуникација само покажувате дека сте слабаци. Соберете храброст. Потребно е да го сторите тоа само еднаш.