Да се протне конецот низ увото на иглата може да биде прилично фрустрирачка дисциплина, особено за оние без многу искуство. Разните методи на сукање на конецот и лижењето можат да помогнат, но The Art of Manliness има многу подобар совет. Наместо да го движите конецот кон иглата, движете ја иглата кон конецот.
Звучи премногу едноставно и дури смешно, но еве во што е штосот:
Поставувајќи го конецот помеѓу палецот и показалецот, со минимален дел што останува слободен, конецот ќе ја задржи ригидноста и ќе остане стабилен во многу поголема мера отколку при стандардниот метод. Движејќи ја иглата кон него, имате многу поголема контрола и можете попрецизно да го одредите движењето на увото, отколку при движењето на флексибилниот крај на конецот.
Ако воопшто немате нерви, постои и вакво нешто: