Најиритирачки фрази кои се употребуваат во секојдневните разговори

РазговорНеодамна, во Америка беше спроведена анкета со која се дојде до најиритирачките фрази што се користат во секојдневните разговори. И иако се работи за различен јазик од нашиот, сепак тој не ни е далечен поради презаситеноста со американска култура и постоењето на наши еквиваленти за нивните изрази. Затоа, проверете со што најмногу можете да ги изиритирате вашите соговорници!

Неодамна, во Америка беше спроведена анкета со која се дојде до најиритирачките фрази што се користат во секојдневните разговори. И иако се работи за различен јазик од нашиот, сепак тој не ни е далечен поради презаситеноста со американска култура и постоењето на наши еквиваленти за нивните изрази. Затоа, проверете со што најмногу можете да ги изиритирате вашите соговорници!

РазговорНа убедливото прво место дојде она добро познато зборче whatever (како и да е) со развлечен изговор, заради потенцирање на негативната конотација. Дури 47% од Американците се изјасниле оти ги иритира кога ќе го чујат во разговор. Изразот се популаризираше во 1991 година во филмот “Clueless” со Алиша Силверстон и оттогаш веќе никој не може да се отараси од него.

На второто место се наоѓа фразата you know (знаеш). За неа гласале приближно 25%.

На третото место со 11 доаѓа it is what it is (што е – тука е, така си е)

На четврто место, со едвај 7% се наоѓа anyway (во секој случај, бе зразлика).

Кога би се спровела една ваква анкета во Македонија, несомнено при врвот на изразите би биле сите ултрамодерни модални зборчиња кои одамна ја изгубија својата семантика: значи, знаеш, нели, мислам; како и два пати акцентираното скопско зборче дефинитивно.

Искористете ја опцијата за коментирање под текстот за да одговорите на прашањето – која фраза најмногу ве иритира во разговорите?

- Реклама -