Погледнете кои се најубавите, најпсиходеличните и најфасцинантните подземни железници околу светот.
Погледнете кои се најубавите, најпсиходеличните и најфасцинантните подземни железници околу светот.
Подземните станици обично се дизајнирани во чист и минималистички стил, со цел луѓето да заборават дека патуваат длабоко под земјата. Тоа не е случај со подземната железница во Стокхолм, каде во неколку подземни станици плафоните се оставени во природна состојба декорирани само со фини цртежи на карпестата површина.
Минхенскиот јавен превоз (MVV) е совршено изграден систем, од неколку S-Bahn-ви (приградски возови), U-Bahn (метро) и Tram-Bahn (автомобилски превоз), кој совршено ги поврзува сите делови од градот. Метрото е отворено во 1972 година и има пространи и чисти станици. Тие кои се порано изградени се дизајнирани во минималистички стил, додека тие од поскоро се со интересни архитектонски карактеристики и уметнички дела.
Шангајците го имаат веројатно еден од најнадреалните и најзабавните форми на јавен превоз. Патувањето низ 647 метри долгиот тунел кој ги поврзува стариот и новиот дел на градот, Бинд и Пудонг, и поминува под реката Хуангпу е едно навистина психоделично искуство.
Метрото во Москва, кое е и туристичка атракција, прочуен е по својата архитектура и историја. Секој кој доаѓа во Москва секако ќе го посети овој „подземен замок“ облечен во гранит и мермер за да ужива во мозаиците, скулптурите и витражите. Една од најпознатите станици во московското метро е Комсомолскаја станицата, лоцирана во најпрометниот транспортен ценатар на Москва, плоштадот Комсомолскаја.
Необичниот влез во метро, кој изгледа како воз кој излегува од плочникот, е лоциран во Франкфурт. Архитектот Збигњев Петер Пинински бил инспириран од надреалистот Рене Магрит кога го создавал.
Билбао, малиот град во Баскија, е горд на својот подземен транспортен систем, не само заради неговата брзина и ефикасност, туку и заради неговиот дизајн. Норман Фостер, архитектот кој го дизајнирал Рајхстагот во Берлин и најголемиот аеродром на светот, во Хонг Конг, ги дизајнирал и станиците од подземната железница во Билбао. Посебно уникатни се стаклените влезови наречени „el Fosterito“.
Станиците на метрото во Дубаи го комбинираат минатото и модерниот дизајн. Во дизајнот се инкорпорирани формата на школките, инспирацијата земена од нуркањето и традицијата на „ловот“ на школки во Обединетоте Арапски Емирати, додека внатрешниот дизајн е подреден на четирите елементи во природата – вода, воздух, земја, оган. Концептуалниот дизајн на некои станици вклучува традицинални елементи кои се користеле во старите арапски градби.
Изграден за да ги поврзува тајните подземни воени бази, метрото во Пјонгјанг е важен дел од инфраструктурата во главиот град на Северна Кореја. Архитектурата на станиците е една од најатрактивните во светот. Сепак, малку се знае за ова метро надвор од земјата, бидејќи само малкумина посетители имале прилика да го видат.