Во јуни во Петалума (Калифорнија) се одржа 29-тото издание на натпреварот за Најгрдо куче на светот. Победник и освојувач на наградата од 1.500 долари е тригодишниот наполитанскиот мастиф Марта, во конкуренција од 13 други опасно грди кучиња.
Со вознемирувачки крвави очи и образи виснати речиси и под колена, Марта нема ништо блиско со сwaтките кученца кои ни крадат прегледи и лајкови по интернет. Кога ќе легне и ќе ги распостеле образите по подот, се претвора во џиновски апстрактен куп од кучешки делови.
Но, како и повеќето што стигнале до врвот, и Марта има тешка историја и трогателна сторија. Поради запоставеност уште од најрана возраст, за малку ќе останела трајно слепа. Била спасена од Dogwood Animal Rescue Project, и после неколку операции и многу љубов и нега сега повторно може да гледа.
Маката низ животот придонела за нејзиниот „ме заболе што сум на натпревар за грди кучиња“ став и однос кон публиката. Сите присутни на натпреварот ќе го потврдат тоа – дека кога требало да се фрцка, Марта едноставно ќе се спружела на земјата за да си прилегне, дури и на бината. Зашто ѝ е гајле што ќе речеме ние за неа. Што од друга страна, ја прави неодолива. Грда, ама неодолива.
… За разлика од некои од другите највпечатливи учесници на досегашните натпревари за најгрдо куче на светот, кои се само грди.