Најгрдите чевли во светот

ЧевлиКога луѓето започнале да носат чевли, главната поента била во функционалноста. Подоцна, со класните расслојувања, дошле украсувањата и така се родила модата. Денес, модата веќе прерасна во натпревар во истакнување на лудоста, па така го добивме задоволството да ги видиме најгрдите чевли што некогаш биле направени.

Кога луѓето започнале да носат чевли, главната поента била во функционалноста. Подоцна, со класните расслојувања, дошле украсувањата и така се родила модата. Денес, модата веќе прерасна во натпревар во истакнување на лудоста, па така го добивме задоволството да ги видиме најгрдите чевли што некогаш биле направени.

Штикли – копита
Чевли
Дело на германскиот уметник, Ирис Шиферстајн. За оваа креација се користени копита од мртви животни.

Чевли стапала

Чевли
Креација на Comme Des Garcons. За „задоволството“ да ги носите овие чевли, треба да платите само 743 долари.

Оригинални патики мечиња од Адидас

Чевли
Се чини дека дизајнерот на овие патики, Џереми Скот, пресекол две слатки мечиња на половина и ги залепил на пар патики.

Штикли без штикли

Чевли

Дизајн на Нина Ричи – неверојатно грди и крајно непрактични високи чевли.

Заха Хадид за Лакосте

Чевли
Овие чевли се дизајнирани од познатиот архитект, за Лакосте. Се поставуваат две прашања – како се облекуваат и што ќе ви се случи ако ги носите на сончево време?

Gameboy чевли

Чевли
Овој естетски ужас во себе вклучува и функционален гејмбој, па доброто нешто е што можете кога ви е здодевно да го извадите и да си поиграте.

Луи Витон получизма

Чевли
Овие обувки што наликуваат на стандардна опрема за дворски шут, чинат само 2080 долари.

Фантазма макро чевли

Чевли
Ова ремек-дело е дизајн на Џими Чу.

Чизми со вештачко крзно

Чевли
Секој коментар би бил излишен.

Баленсијага „лего“ штикли

Чевли
Колку и да звучи неверојатно, овие чевли што изгледаат како да ги дизајнирале деца од градинка, ги носеле повеќе славни личности, од кои најпозната е Бијонсе.

- Реклама -