Најгрдиот автомобил на светот, според „златниот пресек“

Компанијата „Ванарама“ од Велика Британија спроведе истражување, па со помош на математиката, науката и древниот „златен пресек“ се обиде да открие кој е најгрдиот автомобил на светот.

Истражувањето ги анализирало пропорциите на 50 модели на автомобили, земајќи ги предвид димензиите како меѓуосно растојание, должина и др., како и клучните карактеристики на дизајнот – на пр. положбата на светлата, знаците. Секој автомобил бил оценет од 1 до 100 поени според два клучни дизајнерски фактори – вкупните димензии на возилото и визуелната пропорција, во однос на тоа како облиците се перцепираат со голо око.

„Златниот пресек“ го посочува односот што човековите очи го препознаваат како најхармоничен. Така, највисоки оценки добија моделите што се најблиску до златниот сооднос.

Од друга страна, пак, „Киа пиканто“ освоил само седум поени (од 100), бидејќи, според луѓето кои ги анализирале резултатите од истражувањето, тој е најоддалечен од златниот пресек и затоа е „најмалку пријатен“ за човечкото око.

Податоците за продажбата, сепак, кажуваат поинаку…

На второто место е „Ситроен Ц-1“ со 12 поени, а трета е „Киа спортејџ“ со собрани само 15 поени.

Според овие критериуми на убавина на возилата, брендот „Киа“ има најлоши просечни оценки. Автомобилите од јужнокорејскиот производител имаат, во просек, 11 поени во ова истражување, „Ленд ровер“ е втор со просечни 18 поени, а трет е „Фиат“ со просек од 22 поени.

На другата страна на листата, „Ауди А-3“, „Фолксваген голф“ и „Опел мока“ се најубави возила.

 

- Реклама -