Гумените бонбони можеби не се баш најздравата храна која постои. Но многу луѓе ги сакаат бидејќи ги потсетуваат на нивното детство или пак едноставно им се допаѓа вкусот. Но, како и сè друго во светот, и производството на гумени бонбони се придржува до мотото: „Поголемо е подобро“.

Џиновското гумено мече на стапче е претставник на највкусниот тип на слатки создадени од човекот. Изработено во САД, Џиновското мече е 88 пати поголемо од стандардните гумени мечиња. Секое Џиновско гумено мече тежи 240 грама и благодарејќи на стапчето е едноставно за конзумирање. [GGB]
Најголемиот гумен црв во светот е 128 пати поголем од традиционалните гумени црви. Со должина од 66 сантиметри и тежина од околу 1,4 килограми, Најголемиот гумен црв ги претставува највкусните 4000 калории во светот.
Секој примерок има два вкусови, ребресто тело и обем од 12,7 сантиметри. Црвот е одличен подарок бидејќи има долг рок на траење. [WLGW]
Најголемотo Гумено Мече е лавот во светот на слатките. Не постои повеличествена или помоќна бонбона во светот. Овој ѕвер од 2,3 килограми е еквивалентен на 1400 нормални гумени мечиња, и „тежи“ неверојатни 12600 калории.
Монструозната големина нема негативно влијание на вкусот, Најголемото гумено мече е вкусно како и неговите минијатурни братучеди. [WLGB]