Најголемите 6 грешки што жените ги прават кога излегуваат со мажи

Состанок Пети Стангер, најпознатиот професионален „стројник“, во интервју ни ги открива најголемите 6 грешки кои жените ги прават кога излегуваат со мажи.

Пети Стангер, најпознатиот професионален „стројник“, во интервју ни ги открива најголемите 6 грешки кои жените ги прават кога излегуваат со мажи.

Пети Стангер6. Понекогаш забораваат да се однесуваат пристојно

Клучот на добар состанок е постојано да бидете насмеани. Воспоставете контакт со очите. Дозволете му на мажот да го води разговорот, а вие дополнувајте со ваши мисли. Ако тој нарача десерт, откако ќе го изедете, речете – ова е толку вкусно, мило ми е што баш ова го одбра. – Доброто однесување може да биде клучно. Многу луѓе заборавија како да се однесуваат пристојно.

5. Не му дозволуваат на мажот да зборува

Начинот на кој се одвива разговорот на состаноците треба да оди по принципот на еден тениски натпревар, со таа разлика што мажот треба да зборува три пати повеќе. На секој волеј, волеј, волеј, вие еднаш зборувате. Можете да одговорите на неговите прашања, а потоа треба да го проширите разговорот со ваше прашање кое треба да е поврзано со темата. Не смеете да речете: „Сакаш да се земеме?“ или „Каква беше твојата претходна девојка?“; мора да поставите прашање поврзано со она што е тема на разговорот.

4. Споделуваат премногу информации

Сингл жените се толку доверливи што најчесто споделуваат премногу лични информации. Пребзро се опуштаат со мисла – сега тој ми е најдобриот пријател и можам да му кажам сè. – Многу брзо се доаѓаат до точката кога ќе ја раскажат целата животна приказна. А, понекогаш, таа приказна не е доволно интересна за раскажување.

3. Мислат дека мажот ќе ги засака кога ќе ги запознае подобро

Маж знае дали го привлекувате уште во првиот момент. Не постои загревање, за разлика од жените. Жените земаат информации, ги анализираат, дешифрираат итн. Мажите знаат во една секунда: да или не.

2. Излегуваат со другарките, надевајќи се дека ќе запознаат мажи

Кога излегувате со другарките, тешко дека некој ќе ви се приближи. Мажите се плашливи суштества. За нив, жените кои патуваат во глутници не се привлечни. Никој нема да дојде среде женско друштво и да ве покани, од страв дека ќе биде јавно одбиен. Затоа, добра идеја е да излезете во некое кафуле сама, да се напиете нешто, да читате некоја унисекс книга како „Кодот на Да Винчи“ и да се однесувате како да чекате некого или дека сте зафатени. Тогаш сте сами и шансите да ви пристапат се многу поголеми.

1. Одат на премногу непродуктивни состаноци

Ако знаете да ја играте играта на излегувањата, а сепак среќавате само губитници, тогаш направете пауза и сменете нешто. Исчистете ја вашата енергија, за таквите луѓе да не ви пристапуваат повеќе. Проблемот со жените е во тоа што се премногу нетрпеливи. Ги сакаат нештата веднаш. Инстант награда! Понекогаш, за најдобрите мажи вреди да се почека. Можно е да ви се случи да имате само еден добар состанок во цела година наспроти 100 лоши, но важно е тој еден да вреди.

[Dating 101: The Six Biggest Dating Mistakes Women Make]

- Реклама -