Son Doong во Виетнам, е најголемата откриена пештера на оваа планета. Пред неколку години, тим на британски истражувачи реши темелно да ја истражи и да открие што се се наоѓа во неа.
На самото влегување наишле на 14-метарски ѕид од калцит, што ветувало одлично продолжение на понатамошните истражувања. Имено, освен фактот што во самата пештера се наоѓаат широки пространи ходници со уникатно извајан дизајн од природата и богата флора, најимпресивниот пронајдок е фактот што во внатрешноста се кријат уште најмалку 150 други, помали пештери.
Имено, Сон Доонг е широка 200 метри, речиси 150 висока, а долга е преку 8,5 километри. Неколку внатрешни пештери се толку многу големи, што во нив би можела да се смести една цела градска улица.