Најголемата љубов во неговиот живот: Единствената жена што ја сакаше Фреди Меркјури

Во ноември 1991 година, нè напушти Фреди Меркјури (вистинско име Фарок Булсара), еден од најдобрите музичари и пејачи на сите времиња.

Само најверните фанови на Квин знаат дека Мери Остин беше единствената жена што Фреди Меркјури ја сакаше. И покрај неговата сексуална ориентација, но и долгогодишната турбулентна врска со Џим Хатон, кон крајот на животот, британскиот музичар призна дека Мери е љубовта на неговиот живот.

Веројатно не е изненадување што во ноември 1991 година ѝ оставил половина од своето богатство од 75 милиони фунти, вклучително и куќа од 20 милиони фунти во западен Лондон, но и една голема задача.

Последната желба на Фреди била да биде кремиран и Мери да ги чува неговите останки на тајна локација која никогаш нема да биде откриена.

Тој се плашел дека неговиот гроб ќе биде осквернавен од верниците доколку биде откриено неговото последно почивалиште, па Мери задачата ја презела со голема сериозност.

Две години ја чувала неговата урна во својот дом, а потоа еден ден тајно излегла од домот со објаснување дека оди на третман кај нејзиниот козметичар. Наместо тоа, таа се упатила во непознат правец и ги одложила неговите посмртни останки на место кое сè уште е непознато дури и за неговото семејство. Мери беше жена на која Фреди безрезервно ѝ веруваше.

Мери го придружуваше на турнеите и му даваше голема поддршка дури и кога тој ѝ призна дека сака мажи.

Таа смета дека ѝ верувал затоа што била поинаква. Мери беше една од ретките луѓе кои вистински го сакаа и не бараа материјална отштета за возврат.

Затоа таа беше меѓу ретките луѓе на кои тој им призна дека е ХИВ позитивен веднаш по неговата дијагноза во 1987 година, но и личноста која четири години подоцна го држеше за рака на неговата смртна постела.

Извор

- Реклама -