Најголемата (и најлуксузната) јахта досега

why-yacht-wally-hermes-triangle-boatКога Пјер-Алексис Дима од Hermés, францускиот бренд кој е синоним за луксуз, се сретна со произведувачот на јахти од Wally, настана концептот за ултралуксузна јахта – WHY, хибрид помеѓу пловечки остров и јахта, која дури и најбогатите не би можеле да си ја дозволат така лесно.


Кога Пјер-Алексис Дима од Hermés, францускиот бренд кој е синоним за луксуз, се сретна со произведувачот на јахти Wally, настана концептот за ултралуксузна јахта WHY, хибрид помеѓу пловечки остров и јахта, која дури и најбогатите не би можеле да си ја дозволат така лесно.

why-yacht-wally-hermes-triangle-boat

Засега се откриени само некои детали за овој необичен брод, а тоа се дека е на погон од дизел мотори, но и тоа дека огромната површина е прекриена со соларни ќелии. Централниот компјутер ги контролира поголемиот дел од функциите, што значи дека ова чудо ќе биде првата интелигентна куќа на вода. Hermès беше задолжен за дизајнот на сите детали, па така, да речеме, (што не е баш за пофалба) секој дел од ентериерот на јахтата е обложен со водоотпорна кожа од бизон.

luxury-yacht-concept-wide

why-yacht-deck-wally-hermes-boat

wally-hermes-yacht-interior

Бродот е долг 58 метри и широк 38 метри. Цената која препоставуваме дека ќе биде астрономска (се шпекулира со бројка од 150.8 милиони долари) сè уште не позната.

Погледнете како изгледа јахтата во ова видео. Неверојатно!

{youtube}Vt6Ok3pVy1E&feature{/youtube}
- Реклама -