Најголемиот воз од чоколада (видео)

Белгиските слаткари направија рекордно голем, детален модел на стар воз на пареа, долг околу 35 метри, сиот направен од чоколада.

Идеен творец на овој воз е Ендру Фаруџа, а нему и на неговите помошници им биле потребни вкупно 784 часа и 1.250 килограми чоколада за да го изградат возот, кој е изложен на најголемата железничка станица во Брисел, Гар ди миди.

Возот е создаден со цел да ја промовира белгиската чоколадна индустрија на сите помали европски пазари.

Во Белгија има околу 300 фабрики за чоколада, кои годишно го произведуваат овој десерт во вредност од две милијарди фунти. Белгиската чоколада, пак, припаѓа во групата најквалитетни, но нејзината попарувачка опаѓа поради економската криза. [Huge chocolate train steams into records books]

[youtube]Fd2pW0SjWLY[/youtube]

- Реклама -