Најглупавите криминалци во светот

Криминалци Ова не е топ листа на најглупавите криминалци на светот, зашто глупоста не е категорија која лесно може да биде измерена. Ова се само неколку случаи од бескрајниот низ на криминалци кои веројатно никогаш не би биле фатени од полицијата доколку природата им дарила само малку поголем коефициент на интелигенција.


Ова не е топ листа на најглупавите криминалци на светот, зашто глупоста не е категорија која лесно може да биде измерена. Ова се само неколку случаи од бескрајниот низ на криминалци кои веројатно никогаш не би биле фатени од полицијата доколку природата им дарила само малку поголем коефициент на интелигенција.

kriminalec1.jpg
Дерик Кох

Продавачка од Кокомо, Индијана, Америка, пријавила грабеж во полиција. Полицијата го нашла напаѓачот на местото на настанот и го уапсила. Според сведоштвото од младата продавачка, Дерик Кох влегол внатре со полуавтоматски пиштол и ѝ наредил да му даде цигари и да ја наполни белата торба што ја носел со себе со пари. Откако му ги дала цигарите и се свртила да ги извади парите од касата, чула истрел. Кога погледнала кон напаѓачот, видела дека тој се застрелал… во гениталиите.

Томас Инфанте
Томас Инфанте

Четириестгодишниот Томас Инфанте влегол во банка во Чикаго, Илиниос, Америка, со ливче во раката. Ливчето го подал на шалтер и чекал. Вработената прочитала дека ако не му даде пари, тој ќе ја разнесе банката и го сторила тоа. Тој избегал, но полицијата го фатила. Она што Инфанте го направил погрешно е тоа што заканата ја напишал на задната страна од сопствениот чек.

Питер Адисон и Мек Риџвеј
Питер Адисон и Мек Риџвеј

Осумнаесетгодишниот Питер Адисон успеал да се најде в затвор, а со себе да го повлече и неговиот пријател Мек Риџвеј, откако тие двајца провалиле во камп за сиромашни деца во Адлингтон, близу Маклесфилд, Англија. Таму, дивееле, пиеле алкохол, кршеле, за на крајот, генијалецот да напише на неколку ѕидови, со црн маркер: „Питер Адисон беше овде“ и неколку други непристојни пораки.

Марко Маработо
Марко Маработо

Марко Маработо се јавил на оглас за возач на такси, поставен од една компанија во Њујорк. Интервјуто го спроведувала Карли Милер, која на полицајците им кажала дека била подготвена да запише дека Марко е примен на позицијата, со оглед на тоа што ѝ се допаднало тоа што го кажал. Но, тогаш забележала дека торбата, која стоела на столот веднаш до оној на кој седел кандидатот изгледа чудно. Проверила и видела дека паричникот ѝ е украден. Пријавила, а полицијата веднаш успеала да го фати крадецот. Погодувате зошто, нели? Тој ги впишал вистинските име, презиме и адреса на апликацијата за работа!

- Реклама -