Најглупавите акциони играчки

Акциони играчкиПонекогаш, компаниите што произведуваат акциони играчки, во трката по пари, прават играчки што се косат со логиката на приказните и очекуваат конзументите да го прескокнат тој факт. Но, малку е тешко да не се забележи очигледното… Ова се некои од најглупавите акциони играчки некогаш направени.

Понекогаш, компаниите што произведуваат акциони играчки, во трката по пари, прават играчки што се косат со логиката на приказните и очекуваат конзументите да го прескокнат тој факт. Но, малку е тешко да не се забележи очигледното… Ова се некои од најглупавите акциони играчки некогаш направени.

Акциони играчкиУлтраштит за Супермен

Одеднаш, неуништливиот супер-човек стана уште малку понеуништлив. Веројатно никој не се сетил дека и онака Супермен не може да биде повреден ниту од куршуми, па решиле да му дадат оклоп, кој ги покрива само градите и грбот. Дополнително, со овој оклоп доаѓа и метална наметка. Веројатно идејата била да се зголеми тежината на опремата до толку што кога ќе се движи, Супермен истовремено ќе ги вежба и онака претерано силните мускули.

Акциони играчкиСупермен Матрикс купе кабриолет

Затоа што Кларк Кент толку очајно се труди да го сокрие идентитетот изгледајќи како несмасно човече што постојано доцни, логично е да не смее да лета пред сите и да се труди да одржува низок профил. Затоа има смисла да се појави во јавност во автомобил што изгледа вака!

Акциони играчкиБетмен падобранец

За разлика од другите супер херои кои имаат моќ да патуваат низ времето, да уништуваат нешта со поглед, да се истегнуваат до бескрај итн., Бетмен нема ништо на своја страна освен богатството, остроумноста и елементот на изненадување. А, што има поизненадувачко отколку напад извршен од небо, со падобран и костим со светлопортокалова боја што свети како новогодишна елка?

Акциони играчкиБетмен скијач

Оваа играчка за малку и ќе имаше смисла. Во универзумот на Бетмен постои негативец кој е базиран на концептот на замрзнување работи – Мистер Фриз, што значи можат да се очекуваат битки на снежна подлога. Плус, белиот костим би бил одлична камуфлажа во планина. Но, повторно, скиите и штеките се со светло портокалова боја!

Акциони играчкиМоторот на Човекот-Факел

Да го скокнеме за миг фактот што овој суперхерој има способност да лета и може да стигне насекаде за кусо време. Повторно се поставува прашањето – што бара човек кој има незгодна навика спонтано да се самозапалува седнат врз машина што има резервоар полн со бензин?!

Акциони играчкиМоторот на Флеш

Еве уште еден суперхерој кому никогаш нема да му затреба мотор. Флеш, најбрзиот човек во историјата на универзумот, човекот кој се движи со брзини блиски до брзината на светлината и не може да биде виден со голо око кога го прави тоа, одеднаш добива желба да се вози наоколу… можеби за да стигнува побавно?

Акциони играчкиСпајдермен, авантуристички херој (сафари)

Некој некаде во индустријата за играчки, одлучил дека Питер Паркер нема доволно маки со тоа што треба да учи, да има брак и да биде суперхерој во исто време и дека очигледно му треба уште еден живот… или уште неколку. Па така, Спајдермен доби костими за на сафари, за на плажа, дури и дресови за фудбал. Логиката не е силна страна на некои луѓе, нели?

Акциони играчкиСпајдермен, авантуристички херој (плажа)

Кога Спајдермен ќе се појави на плажа, во својот костим на суперхерој, случајните посетители ќе си кажат дека сѐ е во ред, зашто има куси ракави и топка за на плажа…

Акциони играчкиДарт Вејдер самострел

Некаде помеѓу неговата неверојатна способност да убива луѓе со светлечки меч и со употреба на умствената моќ, на Дарт Вејдер очигледно му требало и самострел. Зошто? Веројатно само тој знае (можеби и креаторите на оваа глупава играчка).

- Реклама -