Најекстремните места на Земјата

Повеќе...Кое е најжешкото, а кое најладното населено место на нашата планета? Од
најстрмното, до најоддалеченото – ова се најекстремните места на планетата
Земја.

Кое е најжешкото, а кое најладното населено место на нашата планета? Од
најстрмното, до најоддалеченото – ова се најекстремните места на планетата
Земја.

Најжешкото место на планетата (71°C) – Пустината Деште-Лут во Иран
lute_desert.jpg

Има многу дискусии околу најжешката точка на Земјата. Многумина веруваат дека тоа е пустината Ал-Азизија во Либија, со забележана температура од 57.8°C, а дека второ по ред најжешко место е Долината на смртта во Калифорнија, САД каде во 1913г. беше измерена температура од 56.6°C. Но, според некои други, сателитот на НАСА регистрирал тепература од 71°C во пустината Лут во Иран, што е највисоката температура некогаш измерена на површината на Земјата.

Највисоката точка на Земјата – планината Чимборазо во Еквадор
chimborazo.jpg

Секој знае дека Монт Еверест е највисоката планина на планетава, меѓутоа не многу луѓе знаат за планината Чимборазо во Еквадор. Со височина од 6.310, оваа планина е пониска од Монт Еверест (8.848m), меѓутоа таа е позната како највисоката планина во однос на центарот на Земјата. Тоа е така заради што Земјата не е сфера, туку плоснат сфероид. Како таква, Земјата е најголема на екваторот. Чимборазо е само еден степен појужно од Екваторот и нејзиниот врв е на 6.384m од центарот на Земјата или за два километри поодалечен одошто Монт Еверест.

Најодалечениот населен архипелаг на Земјата – Тристан да Куња
(3.218km од најблискиот континент)
tristan-da-cunha.jpg

Најодалечената населена група на острови, лоцирана југоисточно во Атлантскиот Океан, е толку мала што најголемиот од островите заради „големината“ нема авионска писта. Дом е на 272 луѓе кои делат 8 презимиња. Административно, островите се дел од британската прекуморска територија Света Елена од 1800 год. и иако жителите имаат британски
поштенски код и можат да прават онлајн нарачки, треба многу време за тие да пристигнат.

Највисоките водопади – Ангелските водопади во Венецуела (984m)
a96770_a487_water-fall.jpg

 

Најладното населено место на Земјата – Ојмјакон во Русија (−71.2 °C)
oymyakon.jpg

Со популација од 800 жители, руското село Ојмјакон, оддалечено 2900km од Северниот Пол е место каде се измерени најниските температури на нашата планета. На 26 јануари 1926 била измерена температура од  −71.2 °C . Ојмјакон се наоѓа во републиката Саха во Русија.

Најсувото место на светот – Сувата долина (Антарктик)
antarctica-dry-valley.jpg

Овие долини не виделе дожд повеќе од два милиони години. Со исклучок на една од долините, чии езерца креатко се наполнети со вода од подземните реки во лето, во Сувите долини нема никаква влага (вода, мраз или снег). Причината за тоа се силните ветрови, но овие долини се и по други нешта посебни и необични – тие се единствените континентални делови на Антарктикот без мраз. Лоцирани во Транс-Антарктичата област, тие се дел од планинската област каде испарувањата се поважни отколку снежните врнежи.

Најниската точка на Земјата – Маријански канал (Индонезија и Јапонија)
10,924 метри под морското ниво
mariana-trench.jpg

Маријанскиот канал е најдлабоката точка во Светскиот Океан. Дното е на 10.924m под морското ниво. Доколку Монт Еверест беше на оваа локација ќе беше покриен со една милја вода. Единствените луѓе кои го испитувале овој канал се Жак Пикард и Дон Волш. На дното на седум милји во длабочина со 8 тони притисок тие ги набљудуваа рибите, раковите и другите суштества што (замислете!) живеат на олку голема длабочина.

Највлажното место на светот – Lloró (Колумбија)
wettest-place.jpg

Во Lloró врне во просек по 12 метри дожд годишно. Сепак во овој случај има двојби за тоа дали Lloró или пак Cherrapunji во Северна Индија да ја понесе титулата највлажно место на Земјата. Во Cherrapunji, за разлика од Lloró каде врне по цела година, дождот паѓа само за време на монсунскиот период помеѓу јули и август, кога наврнува во просек по 10,820mm. Па, кое од овие две места е повлажно? Зависи од мерењето, процедурите и месецот кога се мери.

Најстрмното место на светот – Планината Тор во Канада
a96770_a487_vertical-drop.jpg

Планината Тор е опасна стрмнина од 1.249 метри. Таа е најпознат врв во Канада и е составен од чист гранит. Омилено место е на авантуристите и планинарите. За прв пат била освоена т.е. искачена во 1953.

Најниската точка на Земјата – Мртво Море (Јордан)
a96770_a487_dead-sea.jpg

Брегот на Мртвото Море се наоѓа 422m под морското ниво. Сместен на границата помеѓу Јордан и Израел, патот околу Мртвото Море исто така се случи да биде и најнискиот пат на светот.

- Реклама -