Околу беспрекорното одвивање на Олимписките Игри се грижат еден куп луѓе. За тоа колку добро им оди ќе зборуваме во некоја друга прилика, ама меѓу овие луѓе има и такви што умираат од досада, благодарение на тоа што имаат прилично бесмислени работни задачи.
Спасувач на олимписки базен.
— #USA (@CJBForHeisman) August 8, 2016
Безнадежноста во погледот во празно на оваа спасувачка кажува многу. Задачата на овие луѓе е да ги надгледуваат натпреварите во пливање и да бидат на готовс за во случај на некој од учесниците да му затреба помош. Значи, помош. На професионални пливачи. И на олимписки шампиони.
Фативме да бараме информација колку пати интервенирале спасувачи на натпревари во пливање на Олимписки игри. Најдовме – ич. Ама Бразил си има закон според кој на базените поголеми од таа и таа големина мора да има спасувачи, и затоа – има спасувачи и на Олимпијадата. Добра околност за спасувачите во Рио е што ризичниот степен на досада им е платен со солидна сума – 306 евра за две недели, што е за малку повеќе од просечната плата во Бразил. А да, и најдоброто место од сите во публиката.
„Признавам дека потајно посакувам да треба да го спасувам Мајкл Фелпс“, вели еден од нив.