Најдолгите спортски натпревари (видео)

спортСите се чудевме кога пред некој месец Џон Иснер и Николас Маху го изиграа нивниот рекорден тениски меч на Вимболдон. Тој маратон кој траеше 11 часа си го зазеде неговото заслужено место во историјата на спортот. Постојат повеќе примери на натпревари кои траеле со часови, па дури и денови. Еве ги најинтересните.

Сите се чудевме кога пред некој месец Џон Иснер и Николас Маху го изиграа нивниот рекорден тениски меч на Вимболдон. Тој маратон кој траеше 11 часа си го зазеде неговото заслужено место во историјата на спортот. Постојат повеќе примери на натпревари кои траеле со часови, па дури и денови. Еве ги најинтересните.

Американски фудбал: Kansas City Chiefs против Miami Dolphins
Времетраење на продолженијата: 82 минути и 40 секунди

{youtube}Ed77Iyrg4vM{/youtube}

За време на регуларната сезона во NFL, натпреварите можат да завршат и нерешено, па затоа сите маратонски натпревари се случуваат во плејофот. Најпознатиот пример е натпреварот на Божиќ 1971 година помеѓу Kansas City Chiefs и Miami Dolphins. Во целиот натпревар тимовите биле изедначени. Канзас пропуштиле шанса за гол на неколку секунди пред крајот на последната четвртина по што натпреварот завршил 24:24. Во продолжението тимовите сè уште не покажале ништо посебно. Натпреварот завршил откако во второто продолжение шутерот Гаро Јепремиан му ја донел победата на Мајами со гол од 37 јарди. Овој натпревар оттогаш во митологијата на NFL е познат како „Најдолгиот ден“.

Сличен настан имало и на колеџ натпревар помеѓу Арканзас и Кентаки во 2003. На крајот на регуларното време натпреварот завршил 24:24. Но бидејќи на ова ниво не постои правило за златен гол, се играле седум продолженија, по што Арканзас победиле со 71:68. Овој натпревар траел 4 часа и 55 минути.

спортШах: Иван Николиќ против Горан Арсовиќ
Времетраење: 20 часа и 15 минути

Во теорија, еден шаховски дуел може да содржи максимум 5945 потези. Но, не очекувајте дека тоа некогаш ќе се случи со оглед на тоа што најдолгиот дуел во историјата на шахот имал само 269 а сепак траел повеќе од 20 часа. Овој легендарен дуел се играл во Белград во 1989 година, помеѓу Иван Николиќ и Горан Арсовиќ. По речиси цел ден играње на таблата останале само пет фигури, Николиќ имал крал, ловец и топ, а Арсовиќ крал и топ. По дури 100 потези од двајцата без никаков напредок натпреварот бил прекинат и прогласен за реми. Поради овој натпревар Светската Шаховска Федерација го вовела „правилото на 50 потези“ според кое шаховски дуел може да биде проглесен како реми доколку двајцата играчи направат по 50 потези без да земат ни една противничка фигура. Што значи, најверојатно овој рекорд никогаш нема да биде срушен.

спортБокс: Хери Шарп против Френк Крозби
Времетраење: 5 часа, 3 минути и 43 секунди (76 рунди)

Секој што некогаш боксувал може да ви каже дека овој спорт е навистина исцрпувачки. Според тоа, посебно е зачудувачки кога ќе дознаете дека порано бокс мечевите треале и по неколку часа. Еден од најзначајните е бруталниот меч од 1892 година помеѓу Хери Шарп и Френк Крозби кој траел пет часа и е еден од најдолгите мечеви кои завршиле со нокаут, а се одржале според модерните правила. Мечот се одржал во Намеоки, Илионис и според сите извештаи бил комплетно изедначен, до тој степен што дури во 76-та рунда двајцата боксери истовремено направиле нокдаун. Крозби наводно ја удрил главата кога паднал, па и покрај тоа што успеал да стане набрзо бил нокаутиран. Со времетраење од 5 часа, 3 минути и 43 секунди, дуелот Крозби-Шарп е еден од најдолгите во историјата на боксот. Толку бил долг што судијата не ги издржал сите 76 рунди. Наводно судијата бил настинат и како лек си потпивнувал алкохол помеѓу секоја рунда. Според приказата, се онесвестил пред 65-та рунда, по што Шарп и Крозби ги довршиле останатите 12 рунди без судија.

спортХокеј: Detroit Red Wings против Montreal Maroons
Времетраење: 176 минути и 30 секунди

Хокеарските натпревари обично избегнуваат маратонски должини, во зависност од правилата на лигата во која се одржуваат или завршуваат нерешено на крајот на последната третина или се изведуваат пенали. Во NHL завршуваат како нерешени натпревари, но постои еден исклуочк – плејофот на Стенли Купот. Во плејофот се играат продолженија од по 20 минути сè додека не се постигне гол од игра. Ова придонело за одржување на неколку епски натпревари, од кои најпознат е оној во полуфиналето во 1936 помеѓу Detroit Red Wings и Montreal Maroons. До крајот на последната третина ниедниот тим не постигнал гол, па започнале продолженијата. Дефанзивната игра продолжила, по што резултатот останал 0:0 и по пет 20 минутни продолженија. Двата тима биле речиси умрени од замор кога Мад Брунето, играч кој започнал да игра на професионално ниво само две недели претходно, постигнал чудесен гол во 16-та минута од шестото продолжение. На крајот натпреварот траел 176 минути од кои 116 биле продолженија или исто колку и три последователни натпревари.

спортКошарка: Rochester Royals против Indianapolis Olympians
Времетраење: Шест продолженија, 3 часа и 46 минути

Изненадувачки, но сепак најдолгиот натпревар во NBA завршил со резултат 75:73. Во 1951 година, Indianapolis Olympians ги победиле Rochester Royals по шест продолженија. Не е изненадувачки што натпреаварот и не бил толку интересен за гледање. Наводно, во шесте продолженија имало само 26 шутеви и поголемиот дел од публиката веќе бил заминат кога натпреварот најпосле завршил.

Помодерен маратонски натпревар се изиграл минатата година во колеџ лигата во Америка, кога играчите од универзитетите на Сиракуза и Конетикат исто така изиграле шест продолженија. Натпреварот траел речиси четири часа, и дури во 1:30 по полноќ играчите од Сиракуза успеале да победат со 127:117. Статистиката од натпреварот е неверојатна. Не само што биле постигнати 244 поени, туку над 100 од нив биле постигнати во продолженијата. Шест играчи оствариле дабл-дабл, а уште толку биле исфрлени поради лични грешки во продолженијата. Но, чудно е што овој натпревар не е најдолгиот во историјата на колеџ кошарката. Таа чест ја има натпреварот помеѓу Синсинати и Бредли од 1981, кои успеале да изиграат седум продолженија. Тој натпревар се играл пред воведувањето на ограничувањето од 24 секунди за шут, па иако е подолг, сепак натпреварот помеѓу Сиракуза и Конетикат е позначајно (и понапорно – еден од играчите рекол дека не ги чувствува нозете) постигнување.

- Реклама -