Најдолгиот тениски меч во историјата (видео)

ТенисНа Вимблдон 2010 се игра најдолгиот меч во тениската историја помеѓу Џон Иснер од Америка и Никола Маху од Франција. Истиот започна на 22 јуни, беше прекинат поради мрак, продолжи на 23, при што до стемнување дојде до резултат од 59:59 во гемови, во последниот сет. Мечот кој веќе скрши неколку рекорди, (веројатно) ќе ја доживее разрешницата денес. До сега, одиграни се 9 часа и 58 минути.

На Вимблдон 2010 се игра најдолгиот меч во тениската историја помеѓу Џон Иснер од Америка и Никола Маху од Франција. Истиот започна на 22 јуни, беше прекинат поради мрак, продолжи на 23, при што до стемнување дојде до резултат од 59:59 во гемови, во последниот сет. Мечот кој веќе скрши неколку рекорди, (веројатно) ќе ја доживее разрешницата денес. До сега, одиграни се 9 часа и 58 минути.

МахуНикола Маху не е носител на турнирот и учество изборил преку квалификации. Она што е интересно е што првиот квалификациски меч за Вимблдон го добил исто така во 5 сета, од кои последниот завршил со резултат 24:22 во гемови.

Џон Иснер пак е 19-ти на АТП листата, втор најдобро пласиран Американец, веднаш зад Енди Родик. Во ждрепката за турнирот беше 23-ти носител.

Веројатно никој не помислуваше дека токму овие двајца ќе играат тенис 3 дена и притоа ќе скршат неколку рекорди. Овој меч, во првите 2 дена трае веќе 9 часа и 58 минути. Одиграни се 163 гема (а мора да се одиграат уште најмалку 2). Двајцата тенисери го скршија претходниот рекорд на Иво Карловиќ од 78 аса во еден меч. До сега, Иснер постигна 98, а Маху 94.

Ако се земе само последниот сет од овој епски меч, тој веќе трае подолго од кој било забележан тениски натпревар во историјата на спортот, по време, како и по гемови. До сега се одиграни 118 гемови, за кои беа потребни 7 часа и 4 минути.

{youtube}YPZqxp7iS7w{/youtube}

Иако по 100 одиграни гема во последниот сет, веќе стана очигледно дека ниту едниот од играчите нема сила за да продолжи, никој од нив не ни помисли на откажување. Токму затоа публиката ги бодреше со сите сили, надевајќи се на што е можно поголемо одолговлекување на овој рекорден натпревар.

Она што се надеваме дека ќе биде крај на мечот е закажано за денес, 24 јуни, во 17 часот (а најрано во 15:30, во зависност од одигрувањето на другите мечеви на истиот терен). Не пропуштајте го ова испишување на историјата.

Дополнување: Маратонскиот тениски меч заврши во 17:49 часот, со резултат 3:2 за Иснер, со неверојатни 70:68 во финалниот сет. Иснер, кој победи, на крајот имаше 112 аса, додека Маху остана на 103. Им благодариме на двајцата тенисери за прекрасната претстава, која траеше точно 11 часа и 5 минути.

- Реклама -