Најдолгиот фудбалски натпревар

фудбалски рекордФудбалот се игра две полувремиња (понекогаш и со две дополнителни продолженија). Но, тоа не важеше за овие изморени играчи. За нив, двете полувремиња траеја малку подолго од стандардните. Натпреварот помеѓу Leeds Badgers и Warwick Wolves бил договорен со цел да се постави светски рекорд и да се соберат пари за добротворната организација The Meningitis Trust.

Фудбалот се игра две полувремиња (понекогаш и со две дополнителни продолженија). Но, тоа не важеше за овие изморени играчи. За нив, двете полувремиња траеја малку подолго од стандардните. Натпреварот помеѓу Leeds Badgers и Warwick Wolves бил договорен со цел да се постави светски рекорд и да се соберат пари за добротворната организација The Meningitis Trust.

фудбалски натпревар

Играчите започнале со многу енергија, но до вечерта во недела, со по само пет минути одмор на секој час, повеќето од нив изгледале скршено. Голманите изгледале најуморни од сите, што и е разбирливо бидејќи со конечен резултат 425:354 за Лидз, голманите поминале многу време вадејќи ја топката од сопствените мрежи.

фудбалски рекорд
За време на натпреварот, еден играч морал да биде транспортиран во болница поради скршеница во стапалото, но откако било утврдено дека сè било во ред, тој се вратил за да изигра уште десет часа. Организаторот, 25 годишниот Сајмон Линс рекол: „Беше тешко во саботата вечер и речиси потпаднавме под искушение да го прекинеме натпреварот кога го скршивме рекордот од 42 часа околу 5 часот наутро, но бевме решени да продолжиме и да ја постигнеме нашата цел, 57 часа. Многумина беа изморени, но имавме подршка, и играчите се бодреа меѓу себе да продолжат. Среќни сме што ја постигнавме целта и сигурен сум дека болката ќе помине за неколку дена“.
- Реклама -