Доколку веќе ви здодеаа „обичните“ чоколади и бомбони, ќе ве израдува ова видео од Јапонија кое отсликува како се јаде едно од нивните најнови слатки. Во прашање е некаков вид пена која се шмука со цевка и тоа од минијатурна пластична WC школка.
Во пакувањето на слаткото кое се вика „Моко Моко Моколето“, добивате пластична шолја за во тоалет која треба да ја составите (нешто како Киндер – јајце )
Потоа го истурате слаткиот прав и додавате малку вода, со цел да се создаде пена која подоцна ја конзумирате со помош на цевче.
Во пакувањето дури има и минијатурно средство за одзатнување и чистење на шолјата, за нели да можете да ја искористите повеќе пати.